Нови апења на Косово: Двајца Срби се уапсени за пукање на Божиќ, по третиот се трага

by Fokus

Двајца Срби од Косово А.С.(1992) и Д.М.(1996) денеска се уапсени поради „предизвикување општа опасност“, а откако, како што соопшти косовската полиција, пукале од огнено оружје на Божиќ во местото Клокот. Се трага по трето лице инволвирана во случајот.

Тројца Срби од Косово се идентификувани врз основа на оперативни информации и преглед на видео снимки од камери, а косовската полиција извршила претрес на три локации, пишува KoSSev.

Двете автоматски пушки од типот АК47, за кои полицијата се сомнева дека биле употребени при пукањето, не се пронајдени.

На двајца од уапсените им е одреден 48-часовен притвор, а против нив ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „Создавање општа опасност“, „Неовластено држење, контролирање или држење на оружје“ и „Употреба на оружје“.

Канцеларијата на Владата на Србија за Косово вечерва соопшти дека на двајца уапсени Срби, биле уапсени бидејќи испукале куршуми во воздух за време на прославата на Божиќ
Од владината канцаларија најавија дека ќе им ја обезбеди сета бесплатна правна помош и адвокати за нивно бранење пред косовските судови.

Поврзани новости