Нови антикорона мерки: Најмногу 4 луѓе во еден стан, носење маска насекаде

by Фокус

Забрана на големи семејни собири и прослави во домови, забрането групирање по 22 часот, задолжително носење маска насекаде – ова се новите антикорона мерки кои Комисијата за заразни болести ги предложи до Владата, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Поточно, во еден стан или куќа најмногу ќе може да има 4 луѓе. Забрането е групирање по 22 часот на повеќе од 4 лица, и тоа по паркови, бензински пумпи и било каде на отворен простор.

Задолжителното носење маски важи насекаде, и на отворен и затворен простор, со исклучок на спортување на отворено и затворено и возење на возило.

Поврзани новости