Нови 99 заразени и тројца починати од ковид

by Фокус

Во последните 24 часа направени се 4.284 тестови, а регистрирани се 99 нови случаи со Ковид-19, тројца починати и 148 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Досега, во земјата се направени вкупно 2.007.553 тестирања, а вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 309.062 лица.

Притоа, бројот на оздравени пациенти е 299.064, на починати е 9.271, а на активни случаи изнесува 727.

Поврзани новости