Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.100 тестови, а регистрирани се нови 957 случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (957), регистрирани се 210 реинфекции. Регистрирани сe 616 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Штип (71г) и Струга (91г), двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.110.711 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 324.382, бројот на оздравени пациенти е 310.377, на починати е 9.361, а бројот на активни случаи изнесува 4.644.