Нови 93 заразени од корона вирус, нема починати лица

by Fokus 14:17
14:17

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.365 тестови, а регистрирани се 93 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (93), регистрирани се 12 реинфекции.Регистрирани сe 85 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.033.385 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.506, бројот на оздравени пациенти е 300.617, на починати е 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 602.

 

Поврзани новости