Направени се 3.338 тестови, а регистрирани се 920 нови случаи на КОВИД-19:
Од вкупниот број на позитивни (920), регистрирани се 119 реинфекции.
Регистрирани сe 1.190 оздравени пациенти од: Скопје – 1.039, Куманово – 47, Битола – 32, Гостивар – 16, Штип – 13, Дебар – 9, Струмица – 7, Кочани и Ресен – по 5, Радовиш – 3, Велес, Кичево, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Тетово, Кавадарци, Неготино, Берово, Пробиштип и Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починато лице: 6 починати лица од Скопје (61г, 66г, 67г, 72г, 78г и 83г), 2 лица од Битола (66г и 88г), по едно од Охрид (91г), Струмица (77г) и Тетово (72г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=11), 6 лица се целосно вакцинирани, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 3.338 тестови преку: ИЈЗ-329, ЦЈЗ Скопје-86, ЦЈЗ Битола-124, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово–3, ЦЈЗ Куманово-80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–142, Жан Митрев (Филип Втори)-69, Авицена-97, Биотек-132, Систина-67, лабораторија Лаор-150, Синлаб-23, Ремедика-0, Плодност-55, Генеа-5, Никоб Лаб-355, ВФВ Медикал-57, Ели Медика-33, Ројал Медика–9, Спектра-ММ-25, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–7, Рамус-26, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.409.
Досега во земјата се направени вкупно 1.846.264 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 287.016, бројот на оздравени пациенти е 267.134, на починати е 8.747, а бројот на активни случаи изнесува 11.135.