678
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа при направени 1.176 тестови регистрирани се 92 нови случаи со КОВИД-19, четворица починати и 363 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (92), регистрирана е 13 реинфекција.
Од вкупно регистрираните починати лица (4), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.923.358 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 301.583, бројот на оздравени пациенти е 290.617, на починати е 9.150, а на активни случаи изнесува 1.816.