Во последните 24 часа, регистрирани се 906 нови случаи на ковид-19 од направени 6.006 тестирања, информира Министерството за здравство.
Притоа, во Скопје има 423 нови случаи, во Тетово 68, во Куманово 60, во Гостивар 51, во Струмица 39, во Кичево 31, во Охрид 20, во Битола, во Струга и Штип по 19, во Велес, Радовиш и Кочани по 16, во Кавадарци 15, во Свети Николе 14, во Прилеп 12, во Ресен 11, во Дебар 9, во Кратово 7, во Гевгелија 6, во Неготино и Делчево по 5, во Берово, Пробиштип и Богданци по 4, во Виница и Македонски Брод по 3, во Крива Паланка и Македонска Каменица по 2, во Валандово, Пехчево и Дојран по еден нов случај.
Во последното деноноќие, починати се вкупно 26 пациенти, при што 8 од Скопје, 6 од Тетово, 3 од Струга, по двајца од Гостивар и Кичево и по еден од Прилеп, Охрид, Дебар, Виница и Кратово. Истовремено, регистрирани се 343 оздравени пациенти.