Нови 897 ковид-позитивни, починале две лица

by Fokus

Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 897 случаи на КОВИД-19 од направени се 1.828 тестови, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни (897), реинфекции се 215.

Регистрирани сe 638 оздравени пациенти, во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Скопје (80г и 83г) двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.112.539 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 325.279, бројот на оздравени пациенти е 311.015, на починати е 9.363, а бројот на активни случаи изнесува 4.901

Поврзани новости