654
Во последните три дена регистрирани се 81 нов случаи на ковид-19 од направени 1.972 тестови, а нема починати како последица на вирусот, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје.
Истовремено, регистрирани сe 124 оздравени пациенти.
Досега, во земјата се направени вкупно 2.072.171 тестирања на ковид, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 312.960, бројот на оздравени пациенти е 303.287, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 351.