Нови 805 позитивни на ковид, десетмина починаа

by fokus

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 6.980 тестирања, а регистрирани се 805 нови случаи на ковид 19.

Ситуацијата по градови е следна: Скопје – 240, Гостивар – 138, Тетово – 136, Куманово – 53, Струмица – 50, Кичево – 46, Охрид – 32, Дебар – 18, Битола и Струга – по 15, Велес – 13, Кавадарци – 9, Прилеп и Свети Николе – по 7, Штип – 6, Кочани, Ресен и Радовиш – по 4, Берово и Виница – по 2, Валандово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Истовремено, регистрирани се 77 оздравени пациенти, а пријавени се 10 починати лица: 4 од Тетово (53,72,72 и 73), 2 од Кичево (28 и 53) и по едно од Гостивар (44), Скопје (56), Дебар (86) и Куманово (60). Сите починати лица се починати во болнички услови.

Досега, во земјата се направени вкупно 1.062.292 тестирања, вкупната бројка на ковид дијагностицирани изнесува 162.164, бројката на оздравени пациенти е 150.851, на починати е 5.552, а бројот на активни случаи изнесува 5.761.

Поврзани новости