Нови 792 заболени од Ковид и двајца починати

by Fokus

Нови 792 случаи на КОВИД од кои 203 реинфекции и 317 оздравени пациенти се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Починати лица не се пријавени, но согласно Регистарот на умрени со дијагноза КОВИД од „Мој Термин“ регистрирани се двајца починати во домашни услови во периодот од 14 до18 јули.

Во изминатите 24 часа се направени и1 774 тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.102.378 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 320.598, бројот на оздравени пациенти е 307.658, на починати е 9.345, а бројот на активни случаи изнесува 3.595

Поврзани новости