Нови 779 случаи на корона вирус, четири починати лица

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.613 тестови, а регистрирани се нови 779 случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (779), регистрирани се 173 реинфекции. Регистрирани сe 477 оздравени пациенти

- Advertisements -

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 4 починати лица: 2 починати лица од Прилеп (80г и 89г) и по едно починато лице од Скопје (68г) и Велес (83г). Сите лица се починати  во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема  регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.105.622 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 322.165, бројот на оздравени пациенти е 308.676, на починати е 9.353, а бројот на активни случаи изнесува 4.136.

Поврзани новости