Во последните 24 часа регистрирани се нови 75 случаи на КОВИД-19, од направени 937 тестови. Како што информира Министерството за здравство согласно Институтот за јавно здравје, оздравени се 60 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две од Скопје (69г и 91г.) починати лица, во период од 15 мај до 7 јуни оваа година.
Од починатите, едно лице е починато во болнички услови, а едно во домашни услови. Лицата се починати. Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 11 реинфекции.
Регистрирани сe 60 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице.
Досега во земјата се направени вкупно 2.068.585 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.748, бројот на оздравени пациенти е 303.065, на починати е 9.318, а бројот на активни случаи изнесува 365.