Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.194 тестови, а регистрирани се 73 нови случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (73), регистрирани се 7 реинфекции. Регистрирани сe 66 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје (92г) починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Кавадарци (79г) починато во домашни услови. Пријавеното лице е починато на 15.05.2022.
Досега во земјата се направени вкупно 2.062.933 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.418, бројот на оздравени пациенти е 302.668, на починати е 9.313, а бројот на активни случаи изнесува 437.