Нови 72 случаи на корона вирус

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 772 тестови, а регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (72), регистрирани се 8 реинфекции. Регистрирани сe 35 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје на 75-годишна возраст. Двете лица се починати во болнички услови. Лицата се починати во период од 05.06. до 09.06.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.070.199 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.879, бројот на оздравени пациенти е 303.163, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 394.

Поврзани новости