624
Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Грција, достигна 695, откако денеска беше соопштен нов 71 случај, додека пак во изминатите 24 часа регистрирани се и два нови смртни случаи и бројот на жртвите се искачи на 17 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопшти претставникот на Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас, хоспитализирани се 114 лица, од кои 35 се приклучени на апарати, а пуштени од болница се 29 лица.