Нови 708 ковид-случаи, половина се од Скопје

by fokus

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 7.174 тестирања, а регистрирани се 708 нови случаи на ковид 19.

Ситуацијата по градови е следна: Скопје – 315, Куманово – 53, Тетово – 38, Струмица – 33, Штип – 24, Струга – 23, Кичево -21, Битола -19, Прилеп, Велес и Охрид – по 18, Гостивар и Кавадарци – по 17, Берово – 14, Дебар – 13, Делчево – 9, Крива Паланка – 8, Кочани, Неготино и Радовиш – по 7, Свети Николе – 6, Гевгелија и Кратово – по 4, Ресен, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3, Пехчево – 2, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.

Досега, во земјата се направени вкупно 1.182.940 тестирање на ковид 19, а вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 179.587.

Поврзани новости