Во последните 24 часа се направени 6.542 тестирања, а регистрирани се 609 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 276, Куманово – 50, Струмица – 36, Штип – 21, Велес – 20, Охрид и Кавадарци – по 18, Гостивар и Битола – 17, Кичево, Струга и Радовиш – по 15, Прилеп – 14, Кочани – 11, Тетово и Берово – по 9, Ресен – 6, Гевгелија, Свети Николе, Дебар, Валандово и Кратово – по 5, Виница – 4, Крива Паланка, Делчево и Пехчево – по 3, Неготино – 2, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1, соопшти Министерството за здравство.
Регистрирани сe 347 оздравени пациенти од: Скопје – 173, Тетово – 25, Куманово – 24, Струмица – 22, Гостивар – 15, Штип – 14, Кичево – 13, Велес – 8, Берово и Делчево – по 6, Кавадарци, Прилеп и Македонска Каменица – по 5, Радовиш, Свети Николе и Пробиштип – по 4, Неготино – 3, Битола, Ресен и Гевгелија – по 2, Крива Паланка, Кочани, Валандово, Кратово и Виница – по 1.
Пријавени се 22 починати лица: 6 починати лица од Скопје (65г, 66г, 73г, 77г, 78г и 81г), 5 починати лица од Струмица (45г, 52г, 64г, 71г и 82г), по 2 починати лица од Прилеп (51г и 82г) и Струга (70г и 80г) и по едно починато лице од Тетово (54г), Гостивар (64г), Берово (72г), Кавадарци (54г), Куманово (46г), Крива Паланка (72г) и Дебар (65г).
Сите пријавени се починати во болнички услови.
Направени се 6.542 тестови преку: ИЈЗ-297, ЦЈЗ Скопје-53, ЦЈЗ Битола-78, ЦЈЗ Прилеп-67, ЦЈЗ Тетово–84, ЦЈЗ Куманово-88, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–163, Жан Митрев (Филип Втори)-152, Авицена-324, Биотек-588, Систина-107, лабораторија Лаор-439, Синлаб-46, Ремедика-42, Плодност–102, Генеа-7, Никоб лаб-853, ВФВ Медикал-145, Ели Медика-182, Ројал Медика –63, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.657.
Досега во земјата се направени вкупно 1.218.501 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.059, бројката на оздравени пациенти е 163.417, на починати е 6.236, а бројот на активни случаи изнесува 13.406.