Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.257 тестирања, при што регистрирани се 606 нови случаи на ковид 19.
Притоа, ситуацијата по градови е следна: Скопје – 238, Битола – 63, Кочани – 30, Кавадарци – 29, Куманово и Прилеп по – 28, Штип -22, Велес – 20, Гевгелија – 19, Тетово – 15, Неготино – 12, Кичево – 11, Охрид – 10, Крива Паланка – 9, Свети Николе, Берово, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар по – 7, Гостивар, Радовиш и Кратово по – 6, Виница – 5, Струмица – 4, Струга – 3, Ресен и Македонска Каменица по – 2, Валандово, Богданци и Македонски Брод по – 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица, од кои пет од Скопје (69, 71, 79, 81 и 82) и две лица од Велес (68 и 69), а истовремено регистрирани се 320 оздравени пациенти.