Во последните 24 часа, регистрирани се 60 нови случаи на КОВИД-19 од направени 842 тестови, 63 оздравени пациенти, не е пријавено ниту едно починато лице.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица во период од 05.05. до 08.06.2022 година, информираат од Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новорегистрираните 60 случаи, од Скопје се 52, Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Гевгелија и Ресен – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (60), регистрирани се 16 реинфекции.
Од 63 оздравени пациенти, од Скопје се 36, Битола – 10, Штип – 4, Кавадарци и Куманово – по 3, Прилеп и Струмица – по 2, Тетово, Ресен и Дебар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (56г) и Охрид (73г). Од починатите, едно лице е починато во болнички услови, а едно во домашни услови. Лицата се починати во период од 05.05. до 08.06.2022 година.