Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.526 тестирања, а регистрирани се 564 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје –192, Куманово – 45, Битола – 44, Прилеп – 40, Велес и Струмица – по 23, Охрид – 22, Гостивар – 19, Штип – 18, Тетово – 17, Кочани – 16, Берово – 13, Кавадарци и Кичево – по 11, Виница – 9, Свети Николе и Дебар – по 8, Струга и Ресен – по 7, Радовиш – 6, Валандово – 5, Неготино, Пропиштип и Крушево – по 4, Гевгелија, Крива Паланка и Делчево – по 2, Богданци и Демир Хисар – по 1.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.274, бројката на оздравени пациенти е 128.496, на починати е 4.650, а бројот на активни случаи изнесува 17.128.