Нови 54 случаи на корона вирус, најмногу од Тетово

by Fokus

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.087 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на КОВИД-19: Тетово – 32, Скопје – 13, Дебар – 4, Гостивар и Валандово – по 2, Кичево – 1.

Починато е едно лице од Тетово, на возраст од 77г, во болнички услови. Регистрирани сe 28 оздравени пациенти од: Скопје – 12, Куманово – 4,  Тетово – 3, Кичево, Велес, Охрид и Струга – по 2, Струмица– 1.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.506 бројката на оздравени пациенти е 150.399, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи изнесува 613.

Поврзани новости