Во последните 24 часа од направени 4.323 тестирања се регистрирани 528 нови случаи на Ковид-19. Во исто време, регистрирани се и 327 оздравени пациенти и седум починати. Дополнително, пријавени се и шест починати лица со дијагноза Ковид-19 со датум на смрт од 27 октомври до 8 ноември 2021 година, информира Министерството за здравство.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје од 528-те нови случаи на Ковид-19, од Скопје се 200, Битола 53, Прилеп 42, Кавадарци 34, Велес 24, Кочани 22, Штип 19, Куманово 18, Охрид 13, Струмица и Гевгелија по 10, Крива Паланка и Пробиштип по 9, Кратово и Демир Хисар по 7, Тетово, Ресен и Валандово по 6, Гостивар и Неготино по 4, Кичево, Свети Николе, Берово и Делчево по 3, Струга, Радовиш, Виница, Богданци и Демир Капија по 2 и во Македонска Каменица, Дојран и Пехчево по 1.
Од вкупниот број оздравени пациенти од Скопје се 133, Битола 37, Куманово 27, Кавадарци 19, Тетово 18, Велес 14, Штип и Охрид по 10, Прилеп 8, Кочани, Струмица и Крива Паланка 7, Гевгелија, Валандово и Кичево по 4, Пробиштип, Демир Хисар, Свети Николе и Радовиш по 3, Неготино и Крушево по 2 и Кратово и Гостивар по 1.
Од седумтемина починати во текот на изминатите 24 часа, четворица се од Скопје (63г, 66г, 74г и 78г), двајца од Свети Николе (76г и 84г) и еден од Кавадарци (65г). Сите тие се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се пријавени и шест починати лица со датум на смрт од 27.10.2021 до 08.11.2021, од кои по две од Скопје и Тетово и по еден од Кичево и Радовиш. Овие починати се на возраст од 59 до 86 години. Тројца од нив починале во домашни услови, а останатите тројца во болница.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.992, бројот на оздравени пациенти е 193.072, на починати е 7.320, а бројот на активни случаи изнесува 8.600.