Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.385 тестови, а регистрирани се нови 504 случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (504), регистрирани се 133 реинфекции. Регистриран e 321 оздравен пациент. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Свети Николе (75г) и Куманово (72г), починати во домашни услови, пријавени за починати на 16.06.2022 и 30.06.2022г.
Досега во земјата се направени вкупно 2.096.095 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 318.138, бројот на оздравени пациенти е 306.309, на починати е 9.339, а бројот на активни случаи изнесува 2.490.