456
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 523 тестови, а регистрирани се 50 нови случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (50), регистрирани се 13 реинфекции. Регистрирани сe 47 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, не се пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.179.652 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.850, бројот на оздравени пациенти е 334.007, на починати е 9.559 а бројот на активни случаи изнесува 284.