Нови 495 случаи и 13 починати пациенти

by Fokus

Министерството за здравство информираше дека направени се 4.145 тестирања, а регистрирани се 495 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 228, Кавадарци – 30, Велес – 27, Битола – 24, Штип – 21, Прилеп – 20, Куманово – 17, Крива Паланка – 13, Кочани – 12, Тетово – 11, Кичево, Гевгелија и Берово – по 10, Неготино – 7, Охрид и Валандово – по 6, Пробиштип – 5, Гостивар, Свети Николе, Радовиш и Ресен – по 4, Струга, Делчево и Демир Хисар – по 3, Струмица, Виница, Кратово, Богданци и Дојран – по 2, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 308 оздравени пациент од: Скопје – 143, Куманово – 28, Велес – 21, Прилеп – 17, Штип – 15, Битола – 14, Крива Паланка – 12, Кавадарци – 11, Струмица – 10, Кочани – 7, Кичево – 5, Радовиш, Делчево, Виница и Кратово – по 3, Неготино, Пробиштип и Ресен – по 2, Тетово, Гевгелија, Валандово, Свети Николе, Струга, Демир Хисар и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 3 починати лица од Скопје (63г, 81г и 86г), 2 починати лица од Куманово (63г и 74г) и по едно починато лице од Прилеп (98г), Битола (61г), Велес (36г), Кавадарци (73г), Охрид (69г), Кочани (69г), Пробиштип (63г) и Крива Паланка (73г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Поврзани новости