640
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нови случаи на ковид 19.
Ситуацијата по градови е следна: Скопје – 232, Куманово – 41, Штип – 26, Велес – 20, Битола – 19, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Струмица – 14, Свети Николе и Кратово – по 10, Кочани и Радовиш – по 8, Гостивар и Кичево – по 7, Гевгелија и Валандово – по 6, Струга и Берово – по 5, Ресен – 4, Тетово и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2, Неготино, Делчево и Македонски Брод – по 1.
Досега, во земјата се направени вкупно 1.261.880 тестирања, а вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 188.113.