Направени се 2.781 тестови, а регистрирани се 476 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 270, Прилеп – 25, Куманово – 24, Битола – 21, Кавадарци и Кичево – по 18, Гевгелија – 16, Велес – 13, Тетово – 12, Гостивар – 9, Неготино – 8, Охрид – 7, Струга и Крива Паланка – по 5, Кочан – 4, Радовиш и Кратово – по 3, Струмица, Берово ,Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 2, Ресен , Дебар, Пробиштип , Крушево и Македонска Каменица – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (476), регистрирани се 68 реинфекции.
Регистриран сe 524 оздравени пациенти од: Скопје – 318, Кавадарци – 28, Велес – 23, Куманово и Струмица – по 22, Тетово – 18, Охрид – 13, Гостивар и Гевгелија – по 11, Неготино, Радовиш и Дебар – по 7, Штип и Струга – по 6, Свети Николе и Валандово – по 4, Демир Капија – 3, Кочани, Крива Паланка , Пробиштип и Богданци – по 2, Прилеп, Делчево, Берово, Кратово, Пехчево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Скопје (62г, 64г и 74г) и по едно починато лице од Куманово (78г), Радовиш (71г), Кочани (82г), Битола (73г), Кавадарци (47г) и Прилеп (86г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (3), Куманово (1), Велес (1),Демир Хисар (1), Струмица (1) и Дебар (1). Починатите лица се на возраст од 63г. до 89г. Лицата за починати се пријавени во период од 16.02. до 27.02.2022. Од пријавените лица три лица се починати во домашни услови, а пет лица се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.893.409 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.738, бројот на оздравени пациенти е 285.280, на починати е 9.027 а бројот на активни случаи изнесува 3.431.