Нови 467 случаи со КОВИД-19, 14 починати

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.533 тестови, а регистрирани се 467 нови случаи со КОВИД-19, десет починати и 414 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни (467), регистрирани се 58 реинфекции.

Регистрирани сe 414 оздравени пациенти , avо текот на изминатите 24 часа, и 10 починати лица од кои четири од Скопје ( 88г, 88г, 85г и 75г) и по едно починато лице од Дебар (88г), Кавадарци (71г), Демир Хисар (80г), Охрид (67г,), Демир Капија (82г) и Неготино (87г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени четири починати лица од: Скопје (2), Куманово (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 77г. до 85г. Лицата за починати се пријавени во период од 10.02. до 26.02.2022. Од пријавените лица едно лице е починато во болнички услови, а три лица се починати во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.898.672 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 298.662, бројот на оздравени пациенти е 286.378, на починати е 9.050 а на активни случаи изнесува 3.233.

Поврзани новости