Нови 46 случаи од корона вирус, вкупната бројка достигна 663 лица

by Fokus

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга – 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

    Скопје – 273
    Куманово – 143
    Дебар – 49
    Штип-20
    Прилеп –46
    Тетово – 30
    Струга – 30
    Велес – 18
    Битола –8
    Охрид –3
    Кавадарци – 3
    Гостивар –4
    Гевглелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-3
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 19
    Пробиштип – 1

Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку ИЈЗ-194, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –19 , Биотек –24  и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 6.571  тестирања на Ковид-19.

Починатата родилка од Куманово, за која што вчера попладне инормираше Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на ИЈЗ.

Поврзани новости