Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.730 тестови, а регистрирани се 457 нови случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (457), регистрирани се 74 реинфекции. Регистриран сe 447 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 1.896.139 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 298.195, бројот на оздравени пациенти е 285.907, на починати е 9.036 а бројот на активни случаи изнесува 3.252.