Нови 449 случаи, починати 12 лица меѓу кои и 33-годишен пациент

by Fokus

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.859 тестирања, а регистрирани се 449 новислучаи на КОВИД-19:

Скопје – 195, Битола – 47, Прилеп – 19, Кавадарци – 18,Берово – 17, Куманово – 16, Кочани – 15, Велес и Штип – по 13, Гевгелија – 12, Делчево – 11, Охрид – 10, Струмица – 8, Неготино – 7, Валандово – 6, Тетово, Радовиш и Ресен – по 5, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 4, Кичево и Богданци – по 3, Струга, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 317 оздравени пациенти од: Скопје – 125,Берово – 26, Кавадарци – 24, Велес – 19, Битола – 15, Прилеп – 13, Штип и Гевгелија – по 10, Неготино и Кратово – по 9, Кочани – 8, Валандово и Тетово – по 6, Крива Паланка, Куманово и Струга – по 5, Струмица, Богданци и Пехчево – по 4, Делчево и Охрид – по 3, Крушево – 2, Пробиштип и Виница – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 4 починати лица од Скопје (69г, 76г, 81г и 89г), Прилеп – 2 (65г и 82г), и по едно починато лице од Тетово (74г), Битола (72г), Охрид (33г), Виница (66г), и Демир Хисар (81г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Во однос на 33 годишното починато лице, било со дијагноза дијабет тип 2, и истото не земало соодветна терапија. Примено е во болница во тешка состојба. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, е пријавено 1 починато лице со датум на смрт од 16.11.2021. Лицето е од Кавадарци и е починато во домашни услови.

Поврзани новости