507
Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 429 нови лабораториски позитивни случаи на КОВИД.
Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје (70 ) во болнички услови, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се 4 починати лица од Скопје (73), Битола (82), Струмица (82) и Охрид (49). Починати се во период од 13.08 до 18.08.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.144.544 тестирања, а вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 338.549, бројот на оздравени пациенти е 326.217, на починати е 9.455, а бројот на активни случаи изнесува 2.877.