717
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.567 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на ковид 19.
Притоа, ситуацијата по градови е следна: Скопје – 207, Куманово – 34, Велес -26, Битола – 18, Кочани – 16, Кичево – 15, Прилеп -14, Тетово, Гостивар и Кавадарци – по 10, Радовиш – 6, Штип и Свети Николе – по 5, Струмица, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Струга, Гевгелија, Неготино и Виница – по 3, Валандово – 2, Охрид, Ресен, Пробиштип, Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Досега, во земјата се направени вкупно 1.330.304 тестирања на ковид 19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 195.542 лица.