Нови 40 заразени со корона вирусот во Куманово

by fokus

Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 40 случаи на заболени од корона вирусот во Куманово. Оваа информација со јавноста ја сподели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој истакна дека меѓу заразените е и тој.

-Почитувани сограѓани, драги пријатели, сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги сограѓани помеѓу кои сум и јас, напиша градончалникот на фејсбук.

Во текот на вчерашниот ден пак 27 кумановци беа заразени со Ковид-19.

Градоначалникот во изминатиот период постојано бара од властите да ги заострат мерките во Куманово, а пред два дена побара и 14-дневен карантин.

-Предлагаме 14-дневен контролиран карантин во Куманово и воведување кризна состојба на територијата на општината, затворање на влезовите и излезите во градот, олеснувања само на лица кои вршат професионални задачи кои со посебна дозвола би го напуштале и би се враќале во градот под посебни услови, рече Димитриевски пред два дена.

Поврзани новости