Во изминатите 24 час се регистрирани нови 40 заразени од корона вирусот, од кои 26 се од Скопје, дознава „Фокус“.
По објавување на информацијата, стигна и официјалната статистика од Министерството за здравство.
-Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на ковид-19.
– Скопје 26
– Куманово 1
– Прилеп 1
– Тетово 10
– Велес 1
– Битола 1
Досега во земјата се направени вкупно 23316 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1898, бројката на оздравени пациенти е 1378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409.
Неизвесно е дали зголемувањето на бројот на заболени ќе има влијание врз одлуката за тоа дали да се прогласи 58-часовен карантин. Одлуката се очекува да биде позната денеска, по оддржување на седница на Владата.