Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 40 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 495 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 17 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, шест во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, тројца пациенти на Институтот за ТБЦ, двајца на Клиниката за дерматовенерологија и еден на Очната клиника. На ОРЛ се примени четири нови болни.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 11 болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 51 пациент со симптоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, на Клиниката за очни болести 15 пациенти, а на ОРЛ 28 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 152 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.
Вкупно 495 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.