Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.337 тестирања, а регистрирани се 399 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 197, Куманово – 49, Тетово – 15, Кочани – 14, Битола – 13, Кавадарци – 11, Велес и Крива Паланка – по 10, Струмица – 8, Штип, Кичево, Гевгелија и Кратово – по 6, Ресен, Радовиш, Пробиштип и Валандово – по 5, Прилеп – 4, Гостивар, Охрид, Богданци и Македонска Каменица – по 3, Неготино, Свети Николе и Виница – по 2, Струга, Дебар, Берово, Македонски Брод, Демир Хисар и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 1.348 оздравени пациенти од: Скопје – 419, Струга – 196, Охрид – 144, Куманово – 87, Тетово – 71, Кичево – 45, Струмица – 43, Гостивар и Дебар – по 42, Велес – 41, Прилеп – 37, Кавадарци – 34, Битола – 26, Штип и Свети Николе – по 16, Ресен – 14, Радовиш – 13, Кочани и Гевгелија – по 11, Виница – 8, Кратово и Делчево – по 6, Валандово – 5, Пробиштип и Неготино – по 3, Берово и Демир Хисар – по 2, Крива Паланка, Македонска Каменица, Македонски Брод, Крушево и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: 8 починати лица од Скопје (59г, 65г, 68г, 70г, 72г, 80г, 83г и 86г), 4 починати лица од Куманово (64г, 69г, 71г и 79г) и по едно починато лице од Охрид (93г), Радовиш (72г), Струмица (87г), Битола (90г) и Гостивар (63г).
Од пријавените починати лица 16 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.