542
Министерството за здравство известува дека во последните три дена (од 26 август до 28 август) направени се 1561 тестови, а регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19.
Во текот на изминатите три дена, пријавени се 2 починати лица од Скопје, a согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, се регистрирани 2 починати лица од Скопје и Кичево.
Досега, во земјата се направени вкупно 2.149.075 тестирањa на ковид-19, при што вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 339.881, бројот на оздравени пациенти е 328 478, на починати е 9.477, а бројот на активни случаи изнесува 1.926.