868
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.143 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19.
Ситуацијата по градови е следна: Скопје – 20, Кичево – 4, Велес – 3, Тетово и Виница – по 2, Куманово, Струмица, Кочани, Свети Николе, Радовиш и Македонска Каменица – по 1.
Досега, во земјата се направени вкупно 776.674 тестирања, а вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.063 лица.