Нови 347 заразени со Ковид-19, седум починати

by fokus

Во последните 24 часа се направени 2.383 тестирања, а регистрирани се 347 нов случаj на ковид-19 во: Скопје – 157, Прилеп – 35, Кавадарци – 26, Охрид -19, Куманово – 14, Штип и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гевгелија – 10, Велес и Крушево – по 6, Битола, Гостивар и Делчево – по 5, Струга, Дебар, Крива Паланка и Виница – по 3, Ресен, Валандово, и Кратово – по 2, Струмица, Кочани и Македонска Каменица – по 1, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Регистрирани се 168 оздравени пациенти од: Скопје – 110, Куманово и Прилеп – по 7, Кавадарци – 6, Тетово и Крива Паланка – по 5, Гостивар, Велес и Неготино – по 4, Битола и Гевгелија – по 3, Штип и Радовиш – по 2, Охрид, Струмица, Свети Николе, Кратово, Демир Капија и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје (80г, 79г, 69 и 61г), по 1 пациент од Куманово (80г), Велес (66г) и Прилеп (61г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во домашни услови.

Направени се 2383 тестови преку: ИЈЗ-479, ЦЈЗ Скопје-51, Авицена-260, Биотек-253, Жан Митрев (Филип Втори)-111, Систина-190, лабораторија Лаор–147, МАНУ-52, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ГАК-0, Синлаб-57, Ремедика-22, лабораторија болница Козле-26, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 630, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-8, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 492.374 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.803, бројката на оздравени пациенти е 88.469, на починати е 3.010, а бројот на активни случаи изнесува 6.324.

Поврзани новости