594
Во последните 24 часа, регистрирани се 342 нови случаи на КОВИД-19 од направени 2.349 тестирања, пријавени се седум починати лица и 348 оздравени пациенти, информира
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од седумте починати лица: 3 починати лица од Скопје (67г, 74г и 79г) и по 2 починати лица од Битола (65г и 87г) и Охрид (65г и 77г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.478.883 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.670, бројот на оздравени пациенти е 201.017, на починати е 7.616, а бројот на активни случаи изнесува 8.037.