Нови 333 позитивни и 16 починати од ковид

Меѓу починатите има лице од 33 години од Битола.

by Фокус

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19.

Ситуацијата по градови е следна: Скопје – 154, Битола и Прилеп – по 23, Кавадарци – 22, Куманово – 16, Охрид – 15, Штип – 9, Струмица – 8, Велес – 7, Тетово – 6, Делчево и Валандово – по 5, Крива Паланка, Ресен и Кратово – по 4, Кочани, Струга , Гевгелија и Неготино – по 3, Радовиш, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Крушево – по 2, Гостивар, Кичево, Свети Николе, Виница, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Истовремено, регистрирани се 376 оздравени пациенти, додека починале 16 лица, од кои 4 од Скопје (42, 54, 64 и 80), по 2 починати лица од Битола (33 и 86), Штип (62 и 78) и Кочани (55 и 82) по едно починато лице од Прилеп (74), Охрид (86), Велес (80), Крива Паланка (77), Богданци (58) и Демир Хисар (83).

Поврзани новости