Во последните 24 часа регистрирани се 327 нови случаи на КОВИД-19. Оздравени се 325, а починале 12 лица, информираше Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Направени се 2.740 тестирања, а од новите случаи, во Скопје се 159, Кавадарци 25, Прилеп 24, Битола 17, Гевгелија 13, Охрид 12, Куманово 9, Свети Николе 8, Штип 7, Тетово, Велес, Крива Паланка и Валандово по 5, Кичево и Ресен по 4, Струмица, Кочани, Неготино и Крушево по 3, Радовиш, Богданци и Демир Хисар по 2, Гостивар, Струга, Делчево, Виница, Пробиштип, Кратово и Македонски Брод по 1.
Регистрирани се 325 оздравени пациенти од Скопје 171, Кавадарци 28, Прилеп 25, Битола 18, Куманово 13, Кочани 9, Радовиш 8, Тетово и Штип по 6, Неготино, Ресен, Делчево и Демир Хисар по 5, Велес и Кичево по 4, Струмица, Гевгелија и Кратово по 2, Свети Николе, Берово, Валандово, Богданци, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица, 6 починати лица од Скопје (57г, 64г, 72г, 76г, 85г и 86г), две починати лица од Прилеп (40г и 82г) и по едно починато лице од Битола (67г), Кавадарци (73г), Кочани (72г) и Македонски Брод (70г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 27.11-15.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (2), Кочани (1) и Свети Николе (1). Починатите лица се на возраст од 57г до 88г. Од пријавените починати лица, едно лице е починато во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.515.236 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.794, бројот на оздравени пациенти е 207.563, на починати е 7.794, а бројот на активни случаи изнесува 5.437.