Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 665 тестови, а регистрирани се 32 нови случаи на Ковид-19.
Од вкупниот број на позитивни (32), регистрирани се 3 реинфекции.
Регистрирани сe 12 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.048.535 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.484, бројот на оздравени пациенти е 301.651, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 533.