594
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.250 тестови, а регистрирани се 319 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (319), регистрирани се 54 реинфекциии.
Регистрирани сe 288 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се две починати лица. Кај пријавените починати лица (2), се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.933.038 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.867, бројот на оздравени пациенти е 291.719, на починати е 9.164, а бројот на активни случаи изнесува 1.984.