547
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 972 тестови, а регистрирани се 313 нов случаи на КОВИД-19.
Истовремено, регистрирани се 364 оздравени пациенти, а пријавени се 2 починати лица од Скопје (85 и 83 г). Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пак, регистрирани се 5 починати лица од Битола (84), Валандово (71), Кратово (68), Охрид (73) и Скопје (88).
Досега, во земјата се направени вкупно 2.146.647 тестирања, а вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 339.240, бројот на оздравени пациенти е 327.354, на починати е 9.468, а бројот на активни случаи изнесува 2.418.