Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.643 тестирања, а регистрирани се 308 нови случаи на Ковид-19. Ситуацијата по градови е следна:
Скопје – 155, Охрид – 26, Битола – 21, Струмица – 19, Куманово – 15, Штип – 10, Кавадарци – 8, Прилеп и Велес – по 7, Тетово – 6, Кичево и Богданци – по 5, Кочани, Гевгелија и Свети Николе – по 4, Неготино и Ресен – по 3, Виница – 2, Струга, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.
Истовремено, регистрирани се 246 оздравени пациенти, а 8 лица починаа. Притоа, 3 починати лица се од Скопје (64, 67 и 86) и по едно од Кавадарци (80), Велес (92), Штип (68), Охрид (84) и Струмица (66). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Досега, во земјата се направени вкупно 1.502.730 тестирања на Ковид-19, при што вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 219.408. Потоа, бројот на оздравени пациенти е 205.946, на починати е 7.732, додека бројот на активни случаи изнесува 5.730.