832
Осомничените се гонат за кривичното дело „учество во толпа што ќе предизвика кривично дело“, за што им се заканува казна затвор до 5 години.
„Истите, обвинителството ги товари дека биле дел од поголемата група граѓани кои на 4 овој месец, протестираа пред објектите на Основниот суд Скопје 1 и Основниот суд Скопје 2, при што со камења и други тврди предмети ги оштетиле фасадите на објектите и повредиле неколку полициски службеници“, објаснуваат од Основниот суд Скопје 1.
Од судот додаваат дека дополнително ќе биде утврден и термин за одржување на главната расправа за конкретниот предмет.